Вести Македонија Најважни

Скопје денеска блокирано поради протести

За денеска најавени големи протести во Главниот град. Пред Собрание излегуваат вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител.

Барањата се повисоки плати, а револтот кај административците се појави откако пролетва за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд. Чашата ја прели и буџетот за идната година во кој како што велат не се предвидени средства за зголемување на нивните примања.

Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14 и 30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим.

Од таму упатуваат и апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера рече оти се надева дека во иднина ќе се најде решение за барањата на синдикатите, и не очекува целосна блокада на институциите по најавите дека доколку надлежните останат глуви на нивните барања, тие ќе запрат со работа.

Најави дека Владата ќе продолжи со средби со претставниците на синдикатите и согласно буџетските можности ќе бидат реализирани барањата кои ги имаат.

Во однос на зголемените плати на функционерите, Ковачевски рече дека работната група сè уште нема излезено со предлог како тие да се намалат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе