„Во магацинот во Тетово горат бои и лакови, тие се органски материи, а државата нема лабораторија која може да мери испарување на органски загадувачи“, изјава на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Таа објасни дека ваквите компании не потпаѓаат под системот за интегрирани дозволи ниту за А ниту за Б, но мораат да имаат елборат за кој треба да даде согласност општината. И сега општината треба да утврди дали ги имала фирмата потребните противпожарни мерки и дали доставила елаборат за заштита на животната средина.
Шукова рече дека се чека на анализите од Институтот за јавно здравје кои зедоа примероци од почвата и од водата.
„Дадовме препорака граѓаните да не излегуваат без потреба, вратите и прозорите на домовите да бидат затворени, бидејќи загадувањето преку воздухот се шири. Директивите предвидуваат да мериме, ПМ честички, ЦО2, НОХ, вакви материи не само кај нас туку и во светот не се мерат. Ова се инцидентни ситуации и сите складови треба да имаат против пожарна опрема за побрзо да се локализира огнот. Ќе има загадување на воздухот, ќе има загадување и водата и на почвата бидејќи тие честички секако дека ќе се спуштат на површината. Граѓаните треба да внимаваат. Ако таму на земјоделски површини се одгледуваат земјоделски култури тие секако не треба да се употребуваат“, истакна Шукова.