Вести Македонија Најважни

Едногласно разрешена обвинителката Русковска, а Трајчева е казнета со 30 отсто од платата во траење од 6 месеци

Едногласно разрешена обвинителката Вилма Русковска. Поранршна шефица на обвинителството за борба против организиран криминал едногласно разрешена од Советот за јавни обвинители.

Обвинителката Ивана Трајчева е казнета 6 месеци со 30 отсто од платата откако Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на дисциплинската комисија која отври постапка на барање на јавниот обвинител Љубомир Јоврвски.

Постапката следеше откако беше констатирано дека обвинителките Русковска и Трајчева, но и Елизабета Јосифовска сториле законски повреди во постапката за истрагата и упадот во финансиската полиција тогаш предводена од Арафат Муареми кој што, пак, потоа си поднесе оставка.

Русковска во периодот до одлука на советот беше суспендирана од обвинителската функција, а во обвинителството за борба против организиран криминал ја наслефи Ислам Абази.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе