Вести Македонија Најважни

Започна неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, тема се безбедносните прашања и Западен Балкан

Започна неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, на кој во поширок контекст тема ќе бидат безбедносните прашања и Западен Балкан, како и руската воена агресија против Украина и активностите во регионот. Домаќините, премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ги пречекаа претседателите на Албанија и Хрватска Еди Рама и Зоран Милановиќ, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

Во изјава за медиуми пред почетокот на состанокот, премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека тоа што нашата држава е домаќин на овој состанок ја потврдува нашата улога како фактор на безбедност во регионот, меѓутоа и како земја членка на НАТО која што е една од членките кои целосно и посветено се насочени кон исполнување на своите обврски како дел од НАТО-Алијансата.

– На денешниот состанок ќе разговараме за регионалните безбедносни прашања, меѓутоа секако дека ќе ги разговараме и заклучните теми во однос на војната во Украина, конфликтот што се води во појасот Газа, како и за сите други прашања кои се однесуваат на градење на долгорочен мир, стабилност и безбедност во нашиот регион, меѓутоа и во Европа и светот, истакна премиерот Ковачевски.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Скопје, ја посочи Северна Македонија како земја која е успешна во многу работи, вклучително, како што рече „и успешно мултиетничко општество, кое им демонстрира на регионот и на светот дека луѓе со различна позадина можат да живеат заедно на мирен начин“.

– Северна Македонија е високо вреднувана алијанса и тоа се гледа од фактот дека самитот на НАТО лидери денеска се одржува тука. Ќе дискутираме за безбедноста со лидерите, но и ќе се осврнеме на предизвиците со кои се соочуваме надвор од границите на овој регион, рече Столтенберг.

Тој го поздрави и договорот помеѓу Хамас и Израел кој, како што рече би требало да доведе до ослободување на заложниците и ќе овозможи доставување на хуманитарната помош.

На состанокот, покрај премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе учествуваат и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и премиерите на Албанија, Еди Рама, и на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Поради здравствени причини, како што информираа од Владата, премиерот на Република Словенија – Роберт Голоб, нема да биде во можност да присуствува.

Црногорскиот премиер Спајиќ, на пристигнувањето изрази задоволство што неговото прво патување е на НАТО самит во Северна Македонија, која како што нагласи, е во срцето на Балканот и ги покажува заложбите на Алјансата на Балканот.

-Ни претставува чест што сме дел од оваа Алијанса и ќе продолжиме да ја поддржуваме и градиме кредибилно и активно НАТО партнерство, изјави Спајиќ.  

Албанскиот премиер Еди Рама, на пристигнувањето, изрази задоволство што сите од регионот се заедно денеска, во едно турбулентно време за светот, со кризи кои имаат потенцијал да го зафатат и нашиот регион.

-Треба да се фокусираме на одбрана на тоа што веќе го имаме, што можеби не е најквалитетниот мир, но е мир. Мир, што треба да ги зајакнеме и сите треба да се фокусираме на постигнување на целосен мир и заеднички да напредуваме, порача Рама

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе