Вести Македонија

Јанушев: Во оваа влада Ковачевски никој за ништо не го прашува

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашната Топ Тема на Телма обвини дека во кај владејачката партија владее разногласие, и премиерот Ковачевски никој ништо не го прашува.

Излегува Ковачевски и кажува дека ќе имаме предвремени избори, два дена подоцна излегува Османи и кажува прво да ги направиме уставните измени а потоа да одиме на избори. Што само ја потврдува нашата теза дека во ова влада Ковачевски никој ништо не го прашува, и на крајот на денот како е можно на 6 месеци пред избори не седнале и да се договорат, бнидејќи се коалициски партенри, кога и како ќе се организираат изборите, рече тој.

Вели дека цело време истата теза ја повторуваат во јавноста, а тоа е дека имаат мнозинство за уставните измени, но не закажуваат седница за нивното гласање.

Во овие две години една теза цело време пласираат, дека имаат доволно пратеници за уставни измени, но никако не закажуваат седница, а од друга страна се обидуваат да ни понудат предвремени избори ако се согласиме да гласаме за уставни измени. Зошто го прават тоа? За да купат време за да можат уште некој месец да крадат. Дали ќе бидат изборите во април, или во мај, 15, 20 денови не менува ништо. Дали ќе се формира техничка влада, пред или после празници, исто така не менува ништо. СДСМ и ДУИ ќе се соочат со најголемито пораз кој го доживеале, рече . Неколку пати излеговме со предлози, одберете датум и кажете кога сакате да одиме на избори, рече јанушев.

Забележа дека сите се обидуваат да го релативизираат прашањето за измените на изборниот закон, непосредно пред избори.

Се обидуваме сите во општеството да го релативизираме проблемот со измените на буквално два часа пред почеток на кампања, односно пред стартот на изборите да се донесат измени на Изборниот закон во влада без притоа да се консултира ниту еден друг политички субјект. Тоа е флагрантно кршење на се она што е претходно правено во поглед на носењето, па и на измените и дополнувањата на Изборниот закон, рече Јанушев.

Вели дека опозициската партиај ги исцрпува предлозите кои што може да ги понуди, откако претходно веќе понудиле лидерска средба на која што ќе се разговара за најголем дел од работите, понудиле работни групи, понудиле датум, па дури и бланко понуда власта да одбере датум. Сепак, очекува во наредниот период конечно да се искристализира и ќе се добие датумот на кој ќе се одржат и претседатеските и парламентарните избори во наредната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе