Франческо Бањаја триумфираше на трката за Големата награда на Индонезија во Мото ГП шампионатот и повторно се врати на врвото во генералниот пласман, што за момент го загуби по вчерашната спринт победа на Хорхе Мартин.
Актуелниот светски шампион имаше неверојатна трка, бидејќи победи иако стартуваше од 13-тото место. Мотоциклистот на фабричкиот Дукати славеше по шести пат сезонава и по пауза од четири трки. Најголемот конкурент за титулата, Мартин излета од патеката во 12-тиот круг. На подиумот покрај Бањаја денеска се искачија и Маверик Вињалес од Априлија и поранешниот светски првак Фабио Квартараро на Јамаха.
Бањаја на врвот во генералниот пласман сега има 346 бодови, Мартин падна на второто со 328, додека Марко Бецеки е трет со 283 бодови.
Следната трка е за Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“, а ќе се вози следниот викенд.