Останато Спорт

Петар Заборски освои бронзен медал на турнир од Светската Премиер-лига

Македонскиот каратист и член на КК Макпетрол, Петар Заборски го освои бронзениот медал на силниот турнир во Ларнака, Кипар, од Светската карате Премиер-лига, А Серија. Вториот наш каратист, кој се бореше денеска за брона, Стефан Стојановиќ за жал ја загуби борбата.

Заборски иако имаше повреда на аркадата по петочните борби во кои имаше три победи и еден пораз, денеска во репасажот за бронзата го победи Вилијам Дијантете од Белгија со 3-2. Со овој настап и освоениот бронзен медал во категоријата до 75 килограми, како и бронзата на Балканското првенство во Тирана, Заборски уште еднаш покажа дека е еден од нашите најдобри каратисти во моментов.

Стојановиќ, кој исто така е член на КК Макпетрол,  денеска се бореше за бронзата во потешка категорија, но загуби со 5-1 од Иранецот Мади Ашури иако го освои првиот поен. Тој на крајот ќе мора да се задоволи со 5.место на турнирот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија на 69.место на ФИФА ранг-листата

Sportska Redakcija

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе