Членови на сениорската екипа на „Макпетрол“ заминаа за Ларнака, каде што ќе се одржи турнир од Светската премиер карате-лига, А серија.
Скопскиот клуб во Кипар ќе го претставуваат: Петар Заборски (-75 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Димитар Лозановски (-75 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.).
Сите каратисти ќе се натпреваруваат во дисциплината борби, во конкуренција на 936 спортисти од 76 држави. Тимот ќе биде предводен од тренерот и натпреварувач Петар Заборски.
Премиер карате-лигата, А серија, е глобално натпреварување што на каратистите од целиот свет им овозможува да ги демонстрираат своите квалитети на највисоко ниво. Турнирот има отворен формат, што значи дека секој спортист има право на учество. На овие турнири каратистите имаат можност да ја подобрат својата позиција на светското рангирање во овој спорт.