Балкан Вести Најважни

(ВИДЕО): Во судир на автобус со автомобил крај Евзони четворица го загубија животот, над 40 повредени, возачот на автомобилот заспал зад волан

На само 25км од граничниот премин Богородица, на грчка страна утринава во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија 4 лица а над 40 се повредени. Сообраќајната несреќа се случила отако автомобил со грчки регистарски ознаки директно се судрил со автобус на туристичка агенција од Србија. Првичните неофицијални информации се дека возачот на автомобилот заспал и удрил во автобусот во кој се превезувале 78 патници.

Очевидци говорат пред камерата на Телма за тешката сообраќајна несреќа.

„Автобусот се преврте, мислам дека беше српски, тоа го слушнавме уште додека бевме во Ставрос“, вели една српска туристка. „Превртениот автобус уште стои таму, има и Итна помош и полиција“.

„Автобусот уште седеше превртен во долот, а карши него беше и колата, веројатно со не а беше директен судир..беше страшно“, изјави очевидец од Македонија.

По сударот возачот на автобусот избегнал дополнителен удар во столб, се превртел и удрил уште еден автомобил.

Четириесет патници се здобиле со тешки повреди, а 20 патници со скршеници на рацете и на нозете. според информациите од грчките медиуми. Меѓу повредените има и две малолетни деца од 6 и 9 години.

„Повеќето од патниците се полесно повредени. Има секако и неповредени. Полесно повредените се праќаат во болницата во Поликастро и во Кукуш. Тоа се места во близина на границата. Потешко повредените кои колку што знам ги има десет-петнаесет. Кога кажувам потешко, тоа се е дискутабилно, бидејќи и скршеници се потешки повреди и итн. Она што го знаеме е дека се испратени во болницата во Солун и болницата во Пократио. Нас сега ни е најважно во моментов да лоцираме, да знаеме каде ни се патниците. Испративме еден (автобус), во пет наутро, штом дознавме, односно во пет и пол, испративме еден автобус двокатен за таму во Грција да биде на располагање. И еден автобус ангажиравме од Грција, да биде таму. Нас ни е најважно ни е да ги распределиме патниците каде што треба, да ги згрижиме. За понатаму ќе видиме каква е ситуацијата. Кој мора да остане на лекување во болница. Значи ние сите се ставивме во функција сега на нивно згрижување“, изјави Бојан Милосављевиќ, сопственикот на нишката туристичка агенција „Ски и Сан травел“, за која возел настраданиот автобус, во изјава за РТС

Неколку часа сообраќајот на преминот Евзони- Богородица беше затворен и пренасочен по други улици.

Фотографиите до кои дојде Телма може да се види како се тра автобусот, по увидот на несреќата, кој неколку часа стоеше превртен и сведочеше за кобната сообраќајна несреќа кај Евзони, во која животот го загубија 4 лица.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе