Вести Најважни Свет

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко достигна 820 лица

Невообичаено силен земјотрес го погоди Мароко вчера во 23:11 по локално време, при што најмалку 820 луѓе загинаа, главно во историскиот град Маракеш и во пет провинции во близина на епицентарот на земјотресот, како и во села во планините Атлас. Над 700 лица, ито така, според последните бројки се повредени, објави Министерството за внатрешни работи на Мароко во саботата наутро. Целосниот биланс утринава ни од далеку не беше познат бидејќи спасувачите се мачеа да поминат низ патиштата расфрлани со камења до најпогодените оддалечени планински села.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала кога се случил во 23:11 часот со тресење кое траело неколку секунди. Агенцијата објави дека последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер се случил 19 минути подоцна.

Епицентарот на земјотресот бил 18 километри под површината на Земјата во регионот на Високиот Атлас, на околу 70 километри јужно од Маракеш, во близина на Тубкал, највисокиот врв во Северна Африка и Оукаимеден, кој е најпопуларен марокански ски-центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе