Вести Економија

Буџетска прераспределба за повисоки плати и пензии

Обезбедени се 4,25 милијарди денари за повисоки плати, пензии, субвенции и антикризна поддршка. Владата најави дека од овој месец, 106 илјади вработени во јавниот сектор ќе добиваат плати повисоки за 10 одсто, К-15 во износ од 10 илјади денари, а 336 илјади пензии ќе пораснат за 6 одсто.

-За покачувањето на платите на илјада функционери, односно 450 судии, 150 обвинители, 120 пратеници, 50 правобранители, владини функционери – министри, директори, предвидени се 720 милиони денари. За усогласување на платите со порастот на минималната плата во текот на 2023-та се предвидени 480 милиони денари, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во секторот земјоделство, субвенции ќе има за млеко, за сточарски производи, за справување со африканската чума. Ќе се обезбедат средства за лекот трикафта за 55 пациенти, за дигитални сензори за дијабет, за печатење учебници и друго. Во овие рамки е и деветтиот пакет антикризни мерки.

-За субвенции и поддршка на антикризни мерки имаме обезбедено 4,55 милијарди денари. Останува дополнително до крајот на годината уште толку во однос на енергетската и ценовната криза. Значи, продолжува субвенционирањето на домаќинствата за електрична енергија и за парното греење, вели Бесими.

Министерот Бесими нагласи дека Владата не предлага ребаланс туку прераспределба на средства. Приходната и расходната страна на буџетот, како и дефицитот, остануваат исти како што е проектирано со буџетот за оваа година. Средствата се преземени од проекти кои не можат да се реализираат до крајот на годината. Измените на Законот за извршување треба да добијат поддршка и од Собранието.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пациентите бараат подобри услови во „Кежовица“

Дејан Дејан

Предлогот за избор на нов министер за здравство утре во Собрание

Дејан Дејан

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе