Вести Македонија Најважни

Со 48 гласа ЗА и 36 ПРОТИВ донесени измените на Кривичниот законик

Со 48 гласа ЗА, 36 против, и еден воздржан, собранието вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик. Со Измените на кривичнот законк по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата.

Кусо траеше и собраниската расправа.

Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта. Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.

За Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.

-Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања, истакна Силјановска Давкова. Ова е јавно убиство на правото и правдата во комисијата за антиевропски закони. Ние сме држава со најспора правда има најбрза постапка за менување на закони. Според Давкова, се работи за проектирана амнестија. „Ова е непознат европски феномен. Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека за 3 саата може да се донесе закон. Побрзи од ветер сте во заштита на криминалот и корупцијата“

И реплицираше независниот пратеник Панчо Минов, кој појасни за членот 32, кој се однесува за злоупотреба на службени овластувања.

  • Тој нема конкретно предмет на доказност и често се користи за пресметка со неистомисленици. Измената носи поголема тежина на квалификацијата бидејќи се утврдува намерата за злоупотреба, рече Минов.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе