Вести Македонија Најважни

Ќе се најде ли „јунак“ кој ќе ги спаси граѓаните од скапотијата?

Ова во торбата е 3.000 денари за двајцата, во продавниците цените се многу високи, не знам до каде  ќе оди ова, од многу нешта се откажавме, реагираат граѓаните.

Граѓаните во секојдневна борба со високите цени. Револтирани и лути, бараат надлежните веднаш да преземат нешто.  Доведени се во ситуација да се откажат од многу работи, затоа што не можат да ги купат. Сметаат  дека не е во ред, еден производ  денеска да има една цена, а следниот ден таа да е повисока.

-Многу е скапо претерано. Сега за сега ништо не се презема само одат цените горе.

 

-Во Хрватска,  Црна гора и на запад, цените за храна се поевтини од кај нас,  а тоа е безобразлук од страна на сите трговци. Сакаат да надокнатат она што го загубија.

 

-Од мај месец се покачени, сметам дека  треба да се преземе нешто производство да се направи и извоз за да имаме пари ние, а цените тогаш нека одат нагоре колку  сакаат, ако имаме ние пари не е важно, се дел од реакциите на потрошувачите.

Цените рушат рекорди, граѓаните бараат спас.  Дел од владините преставници излегоа во јавноста и кажаа дека трговците прават притисок врз производителите, а одредени фирми се однесуваат нефер. Но, останува отворено прашањето кој во државава треба  да го докаже тоа и да го контролира,  како и да утврди кој е виновен за високите цени.

Од пазарен за Телма велат дека  тоа не е нивна работа. Тие се надлежни да проверат каква е цената на рафт, а каква на каса и да дадат извештај за тоа какви биле цените  пред неколку месеци, а какви се сега, но не и да бараат виновник.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата пак,  се изјаснија дека тие  не можат самоиницијативно и по допрен глас, да ги проверуваат трговците дали картелски ги договараат цените. За да го направат тоа, мора да добијат прествака, а до сега до нив никој нема доставено –  ниту од  институција, ниту од  министерство.

Министерот за економија Бектеши пред неколку дена изјави дека може да има мерки проитив поскапувањето, како што тоа се направи претходно, а може и да нема. Се чекаат анализи.  Премиерот Ковачевски пак тврди дека мерки ќе има и најверојатно тие ќе бидат во делот на маржите, иако бизнисот е против тие повторно да се ограничат, а не сакаат ниту да има замрзнување на цени. Велат , дека ова е пазарна економија каде цените ги диктира пазарот. И додека се чекаат интервенти мерки, граѓаните бараат начин, како да обезбедат се што им е потребно.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе