Вести Македонија Најважни

Над 200.000 ученици во училиштни клупи – почнува новата учебна година, со пролетен распуст и без учебници за шесто одделение

За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, за првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај во 2024 година.

Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение и поради тоа се изработуваат нови учебници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера соопшти дека доцнење ќе има само на учебниците за шесто одделение кои се во фаза на одобрување и очекува да бидат испорачани во текот на септември.

„Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници“, рече Шаќири на прес-конференцијата по повод новата учебна година.

Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за трето и шесто одделение, кои ги изработи Бирото за развој за образованието, наменети и за учениците и за наставниците и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.

Шаќири истакна дека не чувствува одговорност за доцнењето на учебниците оти, како министер, ја има завршено целата постапка на крајот на јули, кога е донесена одлуката за економски оператор за печатење и дека не учествувал во постапките на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и во мислењето на рецензентите.

„Не можам да имам одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење учебник, тоа се завршува во законските рокови“, додаде Шаќири.

Покрај пролетниот распуст и продолжената учебна година, новина е и примената на нов е-дневник, изготвен со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и, како што соопшти Шаќири, паралелно се прават обуки на администрацијата во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност.

По денешниот старт на учебната година, наставата ќе трае до 29 декември кога завршува првото полугодие. Од 30 декември учениците ќе бидат на зимски распуст, а второто полугодие од оваа учебна година ќе го почнат на 22 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе