Вести Македонија Најважни

За Денков уставните измени се прашање меѓу Македонија и ЕУ

„Категорично не“. Ова е одговорот на бугарскиот премиер, на прашањето дали ставот кон Македонија може да се смени под евентуален притисок од ЕУ. Всушност, вели, прашањето за уставните измени повеќе не е прашање меѓу двете соседни држави.

Со реализирањето на таканаречениот француски предлог,што резултираше со тоа што ветото беше тргнато, всушност разговорот повеќе не е меѓу Македонија и Бугарија, разговорот е меѓу Северна Македонија и Европската унија. Тоа што се очекува е тие да си ги завршат започнатите обврски што ги преземаа кон Европската унија. Нема никаква причина ние да ја промениме нашата позиција, рече денков во интервјуто за 24 часа.

Во интервјуто немаше прашање дали и понатаму ќе следат нови барања и услови за Македонија. При минатонеделната посета на заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, тој изјави дека добил уверување од бугарската министерка за надворешни работи дека, доколку македонската страна го исполни тоа што е предвидено во сегашниот договор, нема да има нови услови и дека го смета тоа за нејзина лична заложба и за заложба во име на нејзината влада.

Но, опозицијата не е уверена во тоа. Мицкоски и денеска го повтори веќе познатиот став дека уставните измени нема да успеат, а со тоа владата го губи и политичкиот легитимитет.

Премиерот Ковачевски, пак, за измените  вчера во Словенија разговараше и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по што беа упатени пораки на социјалните мрежи дека „сите политички фактори имаат обврска да придонесат кон забрзувањето на евроинтеграциите на земјата„.

Во меѓувреме, денеска истекоа десетте законски дена за собраниска дебата, која заврши за само еден ден, но Џафери не ги стави амандманите на гласање и нема законско ограничување за тоа. На тој начин процедурата може да трае со месеци, теоретски дури и до крајот на мандатот на овие пратеници. Најави дека ќе ја продолжи седницата тогаш кога координаторите на пратеничките групи ќе го известат дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

Првата наредна седница, за тековни активности е закажана за 5 септември.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршните зборови за убиството на Вања и Панче

Дејан Дејан

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе