Сценариото од претходните уставни измени е една од можните варијанти за и овојпат да се дојде до потребното двотретинско мнозинство. Ова го најави вицепремиерот Маричиќ, кој тврди дека поддршката е веќе зголемена на 72-73 пратеници.
Дали власта е блиску до мнозинство, ќе се види доколку биде закажана собраниската седница. Маричиќ рече и дека се подготвени да побараат од ЕУ да се изјаснат за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени.
И министерот за внатрешни работи денеска потврди дека се разговара со секој пратеник поединечно.
Опозицискиот лидер, пак, вчера изјави дека, доколку само еден пратеник од неговата партија гласа за уставните измени, тој ќе си даде оставка. И денеска го реафирмираше тој став за кој вели дека го искажува веќе долго време.
Владата, пак, ќе ги убедува и граѓаните за придобивките од ЕУ преку нова кампања „Ние сме Европа“. За неа ќе бидат потрошени 80.000 евра и ќе се спроведува до крајот на септември преку серија настани во осум града во државата.
Далиборка Демјанска Цветановска
