Вести Македонија Најважни

Мелничарите со уверување: Лебот нема да поскапи, ако драстично не поскапат енергенсите, цената на пченицата се стабилизира

Цената на лебот во однос на брашното ќе нема никакви поместувања, освен ако драстично не поскапат енергенсите или електричната енергија како минатата година, тврдат мелничарите. Но, во таков случај, тие очекуваат Владата да реагира навремено и да ги изрегулира на соодветно ниво цените на енергенсите или струјата за да не се повтори, велат, проблемот од лани.

Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, изминатите денови непотребно се крена многу прашина околу цената на лебот.

„Моментната ситуација на цените на светските и регионалните берзи на пченицата, би рекол и покрај сите турбуленции околу војната во Украина, некако се стабилизираа на ниво од 230 до 245 евра тон за меркантилна пченица на најрелевантната Матиф француска берза и на берзата во Чикаго од околу 205 до 215 евра по тон. Регионалните цени во моментов се движат во тој опсег меѓу цените од двете берзи. Сите овие податоци ни даваат за право да веруваме дека по тој основ цената на брашното како и индиректно на лебот, посебно индустрискиот, ќе го задржат истото ниво на цени во идниот би рекол подолг период“, истакнува Малишиќ.

Цените на брашната за индустриска употреба моментно се движат, зависно од типот и квалитетот, од 20 па до 35 денари, а во малопродажбата од 30 до 50 денари.

Вчера, министерот за финансии Фатмир Бесими апелира во време на криза да не се шпекулира со поскапувања. Тој напомена дека цената на белиот леб е се уште 33 денари и тука, подвлече, нема поместувања. Владата, рече Бесими, е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните, но, секој, како што дополни, носи дел од одговорноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе