Вести Македонија Најважни

Македонија на линијата на огнот меѓу Србија и Косово

Со денови летаат искри од сите страни, а многу од нив паѓаат и врз Македонија која, посетата на Курти ја втурна среде препирките меѓу Србија и Косово,што некои српски политичари го искористија да ја критикуваат Македонија дека се меша во внатрешните работи на Србија.Српскиот претседател за ова понуди условено извинување.

Сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат повнимателни, , ништо што би можело да биде искористено од страна на некои кои нас би не направиле исти како Курти . Синоќа долго разговарав со Ковачевски и реков: ако било кој во Македонија се почувствува навреден од она што некој го кажал, иако јас не мислам дека за тоа постои причина, јас се извинувам бидејќи Македонците се наши браќа  и немаме никаков проблем со нив, изјави Александар Вучиќ, претседател на Република Србија

Вучиќ тврди дека Ковачевски во Атина му упатил остри пораки на Курти,но од кабинетот на премиерот нема никаква официјална изјава или фотографија  за ваква средба. На профилот на премиерот има само известување и фотографии за средбите со Зеленски, црногорскиот премиер Мијатовиќ и со Вучиќ.

На нашето прашање, дали е точно тврдењето на Вучиќ, не одговорија конкретно, туку дека,предмет на дискусија на вчерашната неформална вечера бил стабилноста, просперитетот и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и дека владата се залага за добрососедски односи со сите свои соседи.

Изјавите на српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, дека признавањето на Косово ќе им се удри од глава на Македонија и на Црна Гора, дека е отворена пандорината кутија, а Голема Албанија е сон на кој работат сите политичари Албанци, предизвикаа остри пораки и од  црногорскиот претседател и албанскиот премиер. Еди Рама напиша дека, заканите за стабилноста на Македонија и на Црна Гора се опасни и неприфатливи, а Милатовиќ дека се неприфатливи сите обиди за мешање на актери од регионот и остатокот од светот.

На изјавата на  Вучевиќ реагираше и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој побара објаснување од српскиот министер за одбрана.  Опозициските партии на Албанците во Македонија, пак, на чија покана Курти дојде во Тетово, не го осудија веењето на знамето на Голема Албанија, но остро реагираат на изјавите на премиерот и на српскиот претседател во Атина.Обвинија дека, Вучиќ ја вклучил Македонија во „српскиот свет“, а премиерот Ковачевски докажал дека се потчинил на Србија.

За аналитичарите, сите овие случувања се сосема очекувани.

Скопје се наоѓа на линијата на огнот меѓу Белград и Приштина и секојпат кога тие тензии ќе се зголемат ние мораме да балансираме  помеѓу нив во една поголема геостратешка приказна,  вели Петар Арсовски,политички аналитичар. Дополнително, половината од македонската политичка сцена, тоа е албанскиот дел, би го избрале Албин Курти секој ден во неделата, додава тој.

Познавачите не се изненадени ни од реакциите на нашите политичари.

Тие некогаш мора да бидат остри со Вучиќ, некојпат остри со Курти, вели Петар Арсовски

Аналитичарите и понатаму очекуваат вакви случувања, токму поради позицијата на Македонија која сака да ги задржи добрите односи со Белград, но ја има признаено сувереноста и територијалниот интегритет на Косово.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е толку комплициран за да не може да се реши вели италијанскиот амбасадор во Македонија

Дејан Дејан

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Дејан Дејан

Полицијата го одзела камипнчето со кое групата на Висар Ганиу истураше ѓубре пред Град Скопје, Ганиу ја оправдува постапката поради сметот кој го гледаат туристите во старата скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе