И покрај инсистирањето на опозицијата денеска да се гласа за уставните измени, собранискиот спикер Џафери ја прекина седницата и го одложи гласањето. Главен аргумент на премиерот беше дека уставни измени нема да задрат во идентитетот, а опозицијата со порака до ЕУ да не поставува различни критериуми за Македонија.
Заврши собраниската расправа за предлогот за отворање на уставот. Опозицијата со став, патот кон ЕУ не смее да оди преку Софија. Власта, пак, категорична дека нема друга алтернатива за европска Македонија.