Вести Македонија Најважни

Нема промени во ставовите за уставните измени

Два дена пред собраниската седница за уставни измени, нема промена во ставовите на партиите. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери имаше средба со Христијан Мицкоски за да потврдат дека нема да гласаат под бугарски диктат. СДСМ апелира сите 120 пратеници да учествуваат во градењето европска иднина за идните генерации. Седницата почнува во петок и може да трае најмногу 10 дена, а моментот на гласање ќе го определи спикерот Талат Џафери.

Наближувањето на денот кога ќе почне пленарната расправа за уставните измени нема влијание врз позициите на најголемата опозициска партија, од која зависи успешноста на процесот. И по средбата на пратеничката група со лидерот Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ останува против. Координаторот Никола Мицевски вели дека притисоци нема, но нема да има ни мнозинство што ќе даде поддршка.

СДСМ ги повика сите 120 пратеници да сфатат колкава одговорност имаат кон граѓаните. Ги повикуваат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да се приклучат кон проевропскиот блок.

И потпретседателот на ДУИ Бујар Османи преку социјалните мрежи упати повик да се сочува курсот и родителската одговорност кон идните генерации. Побара да се фокусираме на овој важен процес и да ја надминеме последната формална пречка пред да го отвориме “огромниот хоризонт на преговарачки поглавја“.

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот во петок е на пленарна седница. Има мнозинство да биде ставен на дневен ред, но нема за да биде изгласан. Иако  расправата може да трае 10 дена, можно е да заврши уште истиот ден, како на Комисијата за уставни прашања. Спикерот Талат Џафери најави дека гласање ќе има кога ќе биде исполнет условот за дво-третинско мнозинство.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Кремљ: Европските санкции нема да ја принудат Русија на преговори

Дејан Дејан

Украина се повлече од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе