Вести Македонија Најважни

Уште не се симнати косовските знамиња, а во Тетово нов гостин од Косово

Во Тетово уште не се симнати косовските знамиња од посетата на Курти, а веќе пристигна нов претставник од неговата влада. Овојпат во Мала Речица, во седиштето на ДУИ. Ахмети, кој многу ретко се појавува во јавност, денеска, на само неколкуминутна  прес – конференција се пофали со посетата на косовскиот министер за транспорт. Кажа дека го примил Либурн Алиу, на барање на Курти, за да разговараат за патно поврзување меѓу Призрен и Тетово.

Иако јавноста чекаше реакција од Ахмети за контроверзните моменти од гостувањето на косовскиот премиер во Скопје и во Тетово, кои со денови ја брануваат македонската јавност, тој денеска воопшто не ги ни спомна настаните, ниту пак дозволи да се постават прашања на пресот.

Скандалот не беше спомнат ниту од косовскиот министер.

Косовскиот премиер,  Албин Курти, минатата недела се сретна само со претставници од албанската опозиција. Средбите во Тетово и во Скопје предизвикаа револт и реакции кај македонската јавност, но и кај државниот врв бидејќи не беше интонирана македонската химна, ниту беше истакнато македонското знаме – напротив во Тетово се вееше знаме на „голема Албанија“, па домаќините на средбите, градоначалниците на Чаир и Тетово, Висар Ганиу и Биљал Касами вчера добија прекршочни пријави од МВР.

За овие настани деновиве имаше бројни реакции и во регионот, вклучително и од српскиот претседател и косовската претседателка. Денеска за став беше прашан и американскиот амбасадор во Белград,  Кристофер Хил, но тој го избегна одговорот велејќи дека ќе им препушти на фантазијата на новинарите, за тоа што луѓето можат да мислат за настанот во Тетово.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе