Вести Македонија Најважни

Болничарката и пациентот од Велес со конго-кримска треска во стабилна состојба

Во моментов нема простор за паника, ситуацијата целосно е под контрола, конго кримскта хеморагична треска не е болест што се пренесува лесно , заклучи Комисијата за заразни болести на состанокот  на која учествуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за ветеринарна медицина, центрите за јавно здравје од Штип и Велес. Мерките кои се препорачуваат се добро информирање на населението и на здравствените работници на кој начин се добива болеста и како да се реагира кога има сомнителни случаи.

„Тестови за оваа болест во моментов имаме доволно. Дополнителна количина е нарачана и се очекува да стигне.  Исто така и терапијата која е со некаков ефект е достапна што значи дека колку што може да биде спремна една држава за ваква болест спремни сме“, изјави професор доктор Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести

За професор Даниловски, да се биде претпазлив да, но никако да се крева паника меѓу населението.

„Тоа е нешто нормално крлежите живеат меѓу нас и особено кога температурите се повисоки. Но во целово ова не значи дека треба сите да се затвориме во стаклено ѕвоно и понатаму треба да се радуваме на природата и да уживаме во сонцето“, изјави професор доктор Драган Даниловски,епидемиолог.

Министерот за здравство Фатмир Меџити по одржаниот состанок со Комисијата порача дека со брза реакција на здравствените власти спречен е експоненцијален раст на заразени со болеста. Доколку имаме предвид дека во Македонија во 1971 та година е евидентирана првата епидемија на ова заболување кога заболеле 13 лица со два смртни исхода во с. Чифлик Тетово дали има простор за стравување од нова епидемија?

„Мислам дека е вон памет да паничиме сега затоа што нема ризици сега за епидемија. Впрочем тоа и не е епидемија, тоа се избувнувања. Појава на поголем број изолирани случаи. Во 1971 имавме 13 лица заболени со два смртни исхода , потоа еден случај лабораториски потврден во 2010, но тоа не е чудно затоа што ние сме дел од Балканот кој е ендемско подрачје за конго кримската хеморагична треска, заедно со цела Африка, целиот Блиски Исток и Азија“, додава Даниловски. 

Важно е да се напомене дека има различни видови на вирусот, различни генотипови некои се поврзани со висока некои со ниска смртност.

„За волја на вистината ако логично размислуваме според истражувањата кои ги прави Факултетот за ветерина ние откриваме дека стоката животните во Македонија се изложени на вирусот постојано и тоа не е вирус кој се појавил годинава, затоа што во тие истражувања над 30% различните стоки, говеда се со прележан, односно биле во контакт со вирусот, но немаме потврда за хоспитализирани случаи од овој вирус. Вирусот е тука, но циркулира поблагата варијанта и луѓето не стигнуваат до болница. Затоа еден од заклучоците е да направиме типизирање на варијантите на вирусот кои циркулираат за да знаеме колку е ситуацијата релативно опасна“, додава Петличковски.

Комисијата ќе побара од Владата да се организира акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи дезинсекција која е клучна превентивна мерка.

Во меѓувреме се уште се чекаат анализите од заловените крлежи,  што ќе трае и во следните две до три недели, за да има повеќе примероци за испитување и  да се знае дали се заразени со вирусот.

Во земјава до сега има три регистрирани случаи на заразени со конго кримскта хеморагична треска. Стабилна е состојбата на двајцата пациенти, хоспитализирани  на Инфективната клиника 42 годишниот маж од Велес и болничарката која пројави симптоми на Конго – кримска хеморагична треска и која се зарази во директен контакт со 27 годишната штипјанка која почина од оваа болест по каснување од крлеж, контакт со среден ризик.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе