Вести Најважни Свет

Еден удавен во река, друг изваден од шахта – бројот на жртви од поплавите во Словенија се искачи на шест

Словенија ја регистрира шестата човечка жртва по разорното невреме што ја зафати земјата. Синоќа се пронајдени безживотни тела на 35-годишен маж кој се удавил во надојдените води на реката Теменица и на маж во шахта во која влегол да санира последици од поплавите. Во саботата, на брегот на Сава, во Љубљана, исто така, беше пронајден мртов машки труп, поплавите беа кобни и за жена во Камник и за партнери од Холандија кои починаа од удар на гром.

Хидролошките прилики во Словенија полека се смируваат, но ситуацијата во земјата и натаму е загрижувачка, а на места тешка. Водостоите на дел од реките стагнираат, на дел, пак, опаѓаат, меѓутоа голем дел од словенечката територија останува под вода. Бројни улици и автопатишта и натаму се затворени за сообраќај, во поплавените места не сообраќаај ниту возовите.

Повлекувањето на водата на одредени места носи нови главоболки за локалното население и властите кои предупредуваат на опасност од свлечишта. Некои се веќе активирани, како што е примерот во Велење од националниот Институт за јавно здравје предупредија на можност од бактериски инфекции.

Еколошка катастрофа во моментот се заканува на Крањ, каде Сава оштети бетонски покрив на канализациски цевки кои се прицврстени за мост. Се стравува дека отпадот од канализацијата, на која се приклучени околу 25.000 луѓе, би можел да се разлее во Сава и да ја погоди цела Словенија. Според податоци на словенечката Агенција за животна средина, реката Мура се смирува, во пад е водостојот и на Крка, постепено се најавува намалување и на поплавените подрачја крај Драва.

Словенечките власти наредија евакуација на неколку села. Без струја останаа нешто помалку од 3.000 луѓе. Европскиот комесар за урпавување со кризи, Јанез Ленарчич соопшти дека Европската Унија, на барање на Словенија, го отвори Механизмот за цивилна заштита по поплавите што ја погодија земјата.

Ленарчич твитна дека Словенија има потреба од механизација со оператери и привремени монтажни мостови, полски и унгарски камиони со храна и друг вид на хуманитарна помош се веќе на пат кон Словенија. Мобилизирани се, впрочем, и останатите земји членки на Унијата кои испраќаат се што е наведено во барањата од властите во Љубљана.

Штетите од најголемата природна катастрофа во поновата на Словенија се расчистуваат. Надлежните ги сумира последиците од невремето кое погоди две третини од земјата и кои, според словенечкиот премиер Роберт Голоб веројатно ќе надминат половина милијарда евра.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција нè затупува – студија на Технолошкиот институт во Масачусетс

Дејан Дејан

Идната недела третата рунда директни руско-украински разговори

Дејан Дејан

Врховен да пресуди кој ќе го оценува обвинението за пожарот во дискотеката Пулс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе