Вести Најважни Свет

Пукна насипот покрај реката Мура, евакуацијата на населението единствен начин да се спречат жртви

Словенија веќе трет ден се бори со поплавите предизвикани од големото невреме кое во четвртокот вечерта ја зафати земјата и речиси 2 третини од територијата ја покри со вода. Спасувачките операции сè уште се во тек во неколку села во словенечкиот регион Корушка, блиску до австриската граница.

Утрово словенечките власти соопштија дека реката Мура го пробила заштитниот безбедносен насип поплавувајќи неколку села во регионот. Ситуацијата таму од момент во момент се влошува бидејќи дупката во насипот постојано се проширува.

Властите ја разгледуваат и можноста врз насипот од воздух да фрлат бетонски блокови со цел да го затворат процепот но тоа во моментов не е можно поради лошите временски услови. Според последните мерења реката го има вториот највисок водостој забележан во историјата, а нивото на водата расте и по нејзиното течение во Австрија.

Не шетајте надвор, не талкајте на отворено, особено таму каде што ситуацијата се уште не е подобрена. Затоа што не само што се доведувате себеси во опасност, туку ги ставате и спасувачките тимови во опасност. Оние спасувачки екипи кои денеска херојски делуваа, извлекувајќи луѓе со хеликоптери од поплавените домови и покриви, поставувајќи рути за итни случаи, медицински рути, инфраструктура. Повторно, ги повикувам сите да останат дома – освен ако не е апсолутно неопходно да заминете, апелира премиерот на Словенија, Роберт Галоб.

Селото Чрно и понатаму е отсечено, бидејќи патиштата се целосно поплавени, но словенечката војска и полиција успеаја да стигнат до него за да им помогнат на жителите.

Во разорните поплави загинаа четири лица, а големите бранови вода предизвикаа лизгања на земјиштето и уништија патишта, мостови и куќи во малата алпска земја. Поројните дождови предизвикаа брзо надоаѓање на реките кои се излеаа во повеќе делови од земјата, а водата брзо навлеза во куќи, полиња и градови.

Словенечката метеоролошка служба соопшти дека за помалку од еден ден паднал дожд колку што вообичаено би наврнал за еден месец. Премиерот Голоб рече дека поплавите се „најголемата природна катастрофа“ во историјата на Словенија, и додаде дека проценетата штета од поплавите до сега надминува половина милијарда евра.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе