Поради долгови меѓу компаниите за топлинска енергија, виси цената на парното греење. Пресметките за трошоците одамна се доставени во РКЕ. Но, се чека првиот регулатор да пресече, кој на кого, колку пари му должи и да се направи порамнувањето, со што би имало појасна слика за тоа каква би била цената на парното, во новата грејна сезона, а и би се избегнал ценовен шок.
Исполнувањето на договорот зависи од одлуките на Регулаторната комисија за енергетика за тарифни ставови за грејна сезона 2023/2024. По донесувањето на овие одлуки од страна на РКЕ во претстојниот период, согласно договорот, ќе се создадат услови за негово целосно исполнување, велат од ЕСМ.
Годинава се појавија потешкотии при носењето на одлуката за цената, затоа што минатата сезона се промени компанијата за испорака на топлонска енергија, а енергетската енерегетската криза се префрлаа средства од една компанија во друга.
Меѓу долговите е оној кој го има БЕГ кон ЕСМ. Лани , Бег доби околу 6 милиони евра кои државата ги префрли на ЕСМ, а државните електрани на БЕГ, за да може компанијата да обезбеди гас, чија цена драстично порасна. Овие пари треба да се вратат во буџетот, а се јавуваат како трошок во пресметките.
Исто така проблем за новата одлука е и тоа што во пресметките од компаниите се јавува уште едне трошок, кој изнесува исто околу 6 милиони евр, а е направен затоа што од ТЕ-ТО не ги испорачал планираните количини топлинска енергија. Биле надоместени од топланите, чија цена е повисока од онаа ТЕТО.
Сите овие работи ги напрвија барањата на компаниите исклучително тешки и комплицирани, па РКЕ одлучи новата цена на парното да не ја соопштува во јули, затоа што е потребно повеќе време да се разгледаат. Она што веќе е познато, ЕСМ производство, бара намалување од 29 проценти, а ЕСМ снабдување и дистрибуција зголемување од над 50 отсто. Пресметки доставиле и од топланата Север и од Енергетика. Но, дали ќе има поскапување на греењето или не, ќе се знае во септемрви, кога ќе се донесе новата цена.
Претходната грејна сезона, поради проблеми во работењето како последица на високата цена на гасот, БЕГ ги изгуби трите лиценци, а ЕСМ го презеде греењето. За да може да го менаџира формираше три нови фирми.
Грејната сезона почнува на 15 октомври. Од ЕСМ соопштија дека опожарениот топловод кај мостот Беласица е остранет и од октомрви нема да има проблеми во испораката на топлинска енергија.
Ирена Чачкова
