Вести Македонија Најважни

Осомничени двајцата возачи кои учествуваа во сообраќајката во која настрада пешак во Бутел

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за сообраќајната несреќа која пред неколку дена се случи во скопската населба Бутел, а во која животот го изгуби пешак, младо момче од Скопје.

Надлежниот јавен обвинител, освен мерката куќен притвор, за првиот осомничен предложи и привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола.

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост – обврска тој да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.

Од ЈО информираат дека на 31 јули, првиот осомничен, 41-годишен македонски државјанин со престојувалиште во Италија, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот на луѓето.

„Тој, по левата сообраќајна лента од булеварот „Словенија“ во Скопје, во насока од запад кон исток, управувал автомобил „Мерцедес“ со италијански регистарски ознаки, па кога пристигнал пред крстосницата со булеварите „Македонско Косовска Бригада“ и „Босна и Херцеговина“ на која сообраќајот бил регулиран со семафор, постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и преку надолжната полна линија вршел обиколување на запрено возило. Потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот“, велат од ЈО.

Другиот осомничен 39-годишен македонски државјанин според истрагата на крстосницата поминувал на зелено светло го задржувал правецот на движење, но без притоа да ја приспособи брзината на движење.

Како резултат на тоа, дошло до судар на двете возила, па автомобилот управуван од вториот осомничен излегол надвор од коловозот на пешачкиот разделен остров на северозападната страна од крстосницата и со десниот страничен дел удрил во телото од еден пешак.

Од ударот, оштетениот пешак се здобил со тешки телесни повреди и  бил пренесен во Ургентниот Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ каде починал.

Со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото на второосомничениот.

Зад себе остави сопруга и едномесечно бебе – мерцедес го “покоси” 25-годишниот Весели во скопски Бутел

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе