Вести Македонија Најважни

Угина и третиот пржевалски коњ од скопската Зоолошка, сомнежите се дека станува збор за труење

Откако викендов беше пријавено дека два од ретките пржевалски коњи со потекло од Монголија угинале во скопската зоолошка градина, утринава стигна информација дека угина и третиот коњ, донација на австриски национален парк.

Угинувањето на коњите вчера беше пријавено и во полиција од страна на вработените, под сомнеж дека станува збор за труење.

Сомнежот за намерно труење сега треба да го потврдат наодите од обдукцијата.

Но според исказите на вработените сè се случило премногу брзо, во околината немало никаква друга храна, коњите не давале знаци на болест претходно, а во близина имало и мртва птица.

Неодамна, жирафата Каспер, долгогодишен омилен жител на ЗОО Скопје, угина од инфекција „салмонела“.

Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, констатирано е дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата.

По овој случај, суспендиран беше ветеринарот вработен во Зоолошката градина, со оглед на тоа што жирафата подолго време страдала, а не била навремено дијагностицирана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе