Вести Македонија Најважни

Неизвесен денот на гласање за уставните измени

Пленарната седница за Предлогот за менување на Уставот почнува на 18-ти август. Ќе трае најмногу 10 работни дена, но гласањето не е поврзано со последниот ден од расправата, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери по редовниот брифинг со новинарите.

Објаснува дека Собранието одлучува „доколку го има потребното мнозинство за одлучување“, што значи дека може да биде и во некој друг подоцнежен термин, без оглед на расправата.

Парламентарното мнозинство остава простор во наредните недели да се обезбеди дво-третинско мнзоинство потребно за отварање на Уставот, иако ВМРО-ДПМНЕ секој ден повторува дека нема да дозволи „уставни измени под бугарски диктат“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе