Вести Македонија Најважни

Учениците на пролетен распуст од 29 април до 5 мај 2024 година, родителите гневни

Владата разгледа Информацијата од Министерството за образование и наука со предлозите за Календарот за организација на учебната 2023/2024 година во основните училишта и јавните средни училишта и донесе одлука во учебната 2023/2024 година учениците од основното и средното образование да имаат и пролетен распуст.

-Согласно одлуката, почетокот на учебната година е 1 септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор, при што почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година.

Во периодот од 29 април 2024 година, до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17-ти јуни 2024 година, а летниот одмор почнува на 18-ти јуни 2024 година и завршува на 31 август 2024 година, соопштуваат од Владата.

По објавата на ФБ статусот на министерто Јетон Шаќири дека овој модел го користат многу европски земји, а истовремено останува законкиот минимум 180 наставни часови како и досега, следуваа лавина негативни кометари од родителите, кои очигледно утринава беа избришани од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе