Вести Македонија Најважни

Таткото со оставка, за синот да стане судија – нови пресврти во Судскиот совет

Превирањата во Судскиот совет продолжуваат, а најново во телото кое ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт е пресвртот внатре во редовите на избраните судии. Уште неседнат на столчето како член на советот, судијата Наке Георгиев од Врховен се откажа од позицијата. Со тоа, тој отстапи пат за неговиот син да биде избран за судија во Кривичен. Членови на советот изминатите денови повикуваа Георгиев да не го прекршува Законот за судови, во кој експлицитно е објаснето дека судија не може да биде избран ако има роднина во редовите на Судски. Поради оваа новонастаната ситуација, седницата започна со доцнење од час и половина.

„Прва точка сега би била констатирање на оставка поднесена од страна на судијата Наке Георгиев којшто беше избран претставник од страна на Врховен суд“, изјави Сашко Георгиев, претседател на Судскиот совет.

Претходно, судијата Георгиев беше единствен кандидат на гласањето во Врховниот суд. Тогаш гласаа 13 лица, вклучително и самиот тој, а за него имаше шест гласови, додека побројни беа неважечките ливчиња. Наке Георгиев беше избран како единствен кандидат, со оглед дека нема законски одредби со кои се бара цензус. Судиите денес го убедиле да си даде оставка, а со самото тоа да не се фрли сенка на изборот на Кирил Георгиев, неговиот син за судија во Основниот кривичен суд.

Пред одржувањето беше закажано положување заклетва на новоизбраните членови на Судскиот совет, судијката Антоанета Димовска и судијата Наке Георгиев, но потоа истото беше презакажано за во 14 часот. На денешната седница на Судскиот совет беа избрани 25 нови судии за повеќе основни судови, како и за Основен кривичен суд – Скопје.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе