Вести Македонија Најважни

Активистите го обвинуваат Бектеши за селективно почитување на законите

Активистите го обвинуваат министерот за економија Крешник Бектеши за селективно следење на законите. Премижување на пропусти во корист на Еуромакс, и барање законски членови кои би можеле да им послужат за спас на концесијата.

Ако за Ангел Наков изјавата на Бектеши дека цврсто стои на одлуката за спојување на концесиите е безобразна и арогантна, за Ѓорги Танушев од „Здрава Котлина“ е злоупотреба на функцијата во корист на партијата ДУИ и нивниот финансисер Еколог. Танушев вели дека ако Бектеши е легалист, требало да му ја одземе втората концесија на Еуромакс уште во 2020 година.

Спојувањето на концесиите на Еуромакс за рудникот кај Иловица може да се искористи за ставање на втората концесија под залог, предупредуваат активистите од „Здрава котлина“. Вакво барање им е одбиено во 2016г.

Министерот Бектеши и Министерството за економија го отвораат патот на Еуромакс до компелтирање на дозволите за експлоатација токму во мометот кога тетовски Еколог купува акции во Еуромакс.

Активистите за овој исход предупредија уште лани во ноември кога ги објавија намерите на Дестани за влез во рударскиот бизнис. Тие велат дека станува збор за голема бизнис и политичка спрега и најавуваат објавување на сите имиња на бизнисмени и политичари кои се вмешани во овој проект.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе