Вести Македонија Најважни

Обвинителство контра ДКСК за случајот Труст и конфискацијата на Трансмет

Ќе ја прифатиме и ќе ја разгледаме вашата претставка, ама обвинителството веќе е при крај со истрагата за конфискацијата на Трансмет, вака накратко обвинителството одговори на ДКСК за наодите на антикорупционерите за пропустите во оваа огромна конфискација.

Обвинителството вербално ја обвинува ДКСК дека вчера постапиле неодговорно при јавната презентација на нивните наоди, освен доколку крајната цел на антикорупционерите не била обид да се влијае врз исходот на истрагата.

Обвинителството продолжува со тешките зборови за антикорупциска и тврди дека ги немале сите информации и пресуди кои обвинителството во својата истрага ги прибавило.

  • Очигледно е дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба која јавниот обвинител детално ќе ја образложи при носењето на одлуката и ќе ја поткрепи со соодветен доказен материјал. Заклучоците на Комисијата во поглед на имотот на „Трансмет“ воопшто ги немаат предвид ниту веќе правосилните одлуки на Апелациониот суд, со кои спогодбите за префрлање на имотот од „Трансмет“ на „Пуцко Петрол“ се огласени за ништовни и правно неважечки, онака како што е предвидено во членот 202 од Законот за кривична постапка, и со кои имотот на Сеад Кочан е трајно впишан во сопственост на државата, соопштуваат од Обвинителството.

Откако вчера антикорупциска соопшти дека постојат сомневања дека при истрагата Труст во СЈО протекувале информации кои завршувале кај обвинетите и нивните адвокати, ДКСК побара  постапка во Советот за јавни обвинители за обвинителите од СЈО коишто го работеле случајот и дозволиле Сеад Кочан од Трансмет со криминално стекнат имот да даде гаранција за да не добие затворски притвор по бегството. Од обвинителството тврдат дека ги провериле обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски и биле чисти.

  • Нагласуваме дека надлежниот јавен обвинител, согласно сите обезбедени докази и направени проверки, веќе согледа дека во јавнообвинителското постапување во предметот „Труст“ не е направен никаков пропуст, соопштуваат од Обвинителството.

Од обвинителството велат дека ДКСК постапувала надвор од ингеренциите, прикажувајќи шеми на фирми, а со својот настап веќе наштетуваат на угледот на Обвинителството поради што ги  замрзнуваат активностите по меморандумот за соработка меѓу двете институции. Ваква остра реакција поради рушење на углед на Обвинителството немаше кога минатата недела виш јавен обвинител поднесе кривична пријава против  двајца виши обвинители. Конфискацијата за Трансмет е пресудена во 2018-та, станала правосилна во 2019-та, досега не е реализирана, а имотот особено движниот е разграбан и никој не знае кој прави профит со него.

Миомир Серафиновиќ

Со конфискацијата на Трансмет во предметот „Труст“ изиграна е државата, сметаат антикорупционерите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе