Вести Македонија Најважни

Со конфискацијата на Трансмет во предметот „Труст“ изиграна е државата, сметаат антикорупционерите

Изигрување на државата, вака неколкупати членот на ДКСК, Шемши Салаи, ги опишуваше запрепастувачките информации за конфискацијата на Трансмет во предметот „Труст“.

Спомнуваше нотари, проценители, обвинителства, правобранителство, државни институции, фирми и луѓе поврзани со Сеад Кочан и „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски.

Штетата, која лошата конфискација, според него, изнесува над 12,4 милиони евра. Дел од овие информации беа објавени во ланските истражувања во емисијата КОД, но ДКСК дополнително потврди дека постоела шема, која ја отежнувала конфискацијата и парите наместо во буџетот за граѓаните, завршувале во приватни сметки.

Најголем проблем е пронајден во работата на проценителите кои што ја намалувале вредноста на конфискуваното. Така било и при случај кога поради наводен долг на Трансмет кон Пуцко Петрол, третина од конфискуваното завршило во фирмата од Пласница поврзана со пратеник од ДУИ.

На лицитација кај извршител никој не се јавил и вредноста на имотот се намалила за 15 пати, опиша Салаи.

Салаи констатираше дека СЈО и судот овозможиле на Сеад Кочан, со имот стекнат со кривично дело, да даде гаранција дека нема да бега повторно и да не добие притвор.

Исто така, констатирано е дека за време на истрагата протекувале информации од СЈО, поради што осомничените биле чекор пред обвинителството и судот и успевале да го кријат имотот.

Тоа било пред пресудата, а конфискацијата не била брза, па од страна сите стигнале до милиони.

Најголемиот проблем бил што меѓу првостепената и правосилната пресуда за случајот конфискуваниот имот останал незаштитен од надлежните државни органи, Државното правобранителство и Агенцијата за управување со одземен имот, која всушност била сопственик на она што е стекнато со кривично дело како што утврдил судот.

Повеќе од еден час траеше излагањето на антикорупциска за големиот случај, во шемата, која ја откри ДКСК, била и фирмите Би Холдинг Хана Јахоска, Би Холдинг, АД Астра на поранешниот директор на Шпаркасе банка Сашо Боко кој е хрватски државјанин, Технопат која е во сопственост на Тима Кочан, од семејството на обвинетиот Сеад Кочан.

Токму Технопат е спомнат од ДКСК како фирма која ја користела огромната опрема и машинерија на Трансмет која била конфискувана од државата, но во реалноста користена од вклучените во шемата да остваруваат профит и да ја обезвреднуваат.

ДКСК наведе дека фирмата Би Холдинг е роднински поврзана со Пуцко Петрол во сопственост на Асмир Јахоски кој пак е син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски. Од друга страна според истражувањата на Телма и КОД за семејното бизнис стебло на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Би Холдинг на Јахоска и К.С.А., компанија на Куштрим Смајлај, зетот на Ахмети се регистрирани на иста адреса во Карпош во новата зграда до Лептокарија.

ДКСК ќе поднесе иницијатива до обвинителството за организиран криминал и корупција за да се испита се и да се открие кој погрешил и кој се збогатил од имотот на граѓаните конфискуван по кривично дело. Се бара од судскиот совет да го испита работењето на сите кривични, граѓански, основни, апелациони и врховни судии кои работеле на случајот Трансмет и дозволиле ваква криминална шема.

Антикорупциската комисија бара од Советот на јавни обвинители да ја испита и работата на двајцата обвинители од СЈО кои работеле на случајот Труст, а истрагата ја водеа Артан Ајро кој минатата недела беше унапреден во виш јавен обвинител и Гаврил Бубевски кој е актуелен раководител на скопското обвинителство.

Од владата се бара да се испитаат пропустите на служебници во Централниот регистар и катастарот, додека од министерството за правда се бара утврдување на одговорност за сите проценители, нотари и и извршители кои учествувале во новиот криминал со конфискацијата на Трансмет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе