Вести Македонија Најважни

Алими и Гури повторно добија три и пол години затвор – Кривичен со пресуда за повтореното судење за „Титаник 3“

Кривичниот суд Скопје изрече идентични казни од три години и шест месеци за Ејуп Алими и Исмет Гури по повтореното судење за предметот „Титаник 3“ кој се однесуваше на уништување на изборен материјал. И оваа пресуда, која ја изрече судечки совет под водство на Марија Клетничка Марковска, не е правосилна, бидејќи инструментот жалба до Апелација повторно им стои на располагање на обвинетите.

Титаник 3 падна на апелација – почнува повторно

Гури моментно е на позиција заменик управник во Управата за јавни приходи (УЈП), додека Алими е дрфжавен советник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предметот „Титаник 3“ го отвори поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) во кое Гури и Алими се соочија со обвинение за уништување на изборен материјал, односно менувале записници од гласање во Чаир на локалните избори во 2013 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе