Дрин, најмладата фиданка на фамилијата од Зајас е еден од тројцата бизнис-активни машки потомци од политичкото семејство на Али Ахмети.
39 %-те проценти од Соравиа се уште не му се заведени во Централниот регистар. Но му се заведени сопственички или управителски позиции во 4 фирми.
„Тхор индустрис“, фирма за за развој на градежни проекти со подружница за компјутерски консултантски услуги. „Еверест ЏД“ се занимава со нискоградба, има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрала. „Хелиос плант“ и „Потам плант“ се фирми за производство на струја.
Но поврзаноста на фирмите го открива и братското бизнис стебло на семејството на лидерот на ДУИ од Зајас. Дрин и Бесиан се синови на Фекри Ахмети, кој му е брат на Али Ахмети. Со исто презиме веднаш до нив е Шкумбин Ахмети- синот на Ахмети.
Внукот на Али е скромен во поседувањето, сега е дипломат испратен во Брисел од министрите на ДУИ Бујар Османи и Крешник Бектеши за да прибира инвестиции. Бил економски промотор и на крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Сопственик е само на Хелиос Плант, заеедно со братот Дрин и братучедот Шкумбин АХмети.
Шкумбин Ахмети е син на Али АХмети И тој е сопственик на фирмата за производство на струја Хелиос Плант, а ја има и фирмата „Архитектас пројект студио- Зајас“. Во бизнисот за струја влегува со фирмата „Тхеас енергу“, а преку таа фирма влегува и во фирмите Мега повер заедно со израелец и индиец. Минатата недела, синот на Али Ахмети преку Енергу добива удел и во фирмата Мега С Повер што е официјално заведено во Централниот регистар.
Братското стебло од следната генерација на Ахмети е дополнета и со уште еден лик. Куштрим Смаилаи. Тој е зет за ќерка на Али Ахмети. И тој има разгранет список на фирма. Доаѓа од Ѓаковица.
Миомир Серафиновиќ
Прилогот е емитуван во емисијата КОД на 02.07.2023.