Вести Македонија Најважни

Криминал или мешање во судската власт, што ќе покаже дописот на австрискиот амбасадор Вутсас

Судскиот совет ќе испитува дали се е законски во процедурите кои се воделе во Основскиот суд во Гевгелија и во скопска Апелација во спорот меѓу австриската фирма „АММА“ и македонската „ДЕНА Продукт“ за наплата на долг од над 4 милиони евра, откако амбасадорот на Австрија Георг Вутсас со допис до медиумите но и низа државни институции обвини за можно надворешно влијание и побара смена на обвинители и судии.

Наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите  и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продожи со преземање на конкретни дејствија  за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот, соопштуваат од судскиот совет.

Според наводите во дописот на амбасадорот Вутсас, сопственикот на „ДЕНА Продукт“ Атанас Костов, и покрај забрана за оттуѓување на имотот го префрлил во сопственост на фирмата „Глобал Трејд ДММ“ чиј сопственик е неговата сопруга Емилија Заева – Костова која е братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев и веќе на 10 јули ќе има аукција за продажба на имот на „ Дена Продукт“ и во тој процес се вмешани нотари извршители и вработени во Катастар.

Извршителот Ангел Костадиновски од Кавадарци кој на 10 јули треба да ја спроведе акуцијата за продажба на орнжеријата  вели дека тој добил нотарско решение од велешкиот нотар Гоце Ѓураковски, и дека постапува по него. Кај Костадивноски има два предмети еден во износ од 11,4 милиони денари и вториот кој е далеку потежок и изнесува 233 милиони денари 3,8 милиони евра.

„Телма“ контактираше со адвокатот на компанијата „Глобал Трејд ДММ“, Катица Ничевска и со нотарот Гоце Ѓураковски од Велес, кој го испратил решението до извршителот Костадиновски но не се согласија да дадат официјална изјава.

Според информациите на Телма, во моментот адвокатите на австриската компанија „АММА“ водат постапки против компанијата „ДЕНА Продукт“ во судовите во Скопје, Велес и во Гевгелија.

Потврда пристигна и од скопското Јавно обвинителство од каде соопштија дека адвокатскиот тим на австриската компанија поднел кривична пријави против НН лица во Катастарот поврзано со трансферот на имот од  „ДЕНА Продукт“ кон „Глобал Трејд“.

Поранешниот премиер Зоран Заев кој е прозван во дописот, најави тужба против австрискиот амбасадот Георг Вутсас поради изнесени наводи и нагласи дека нема никаква инволвираност во деловниот спор.

Она што е познато е дека гевгелискиот суд на 10 февруари носи одлука за веремена забрана за оттуѓување и располагање со имотот која Апелација ја укинува на 9март. На 7 јуни граѓанскиот суд во Скопје носи иста таква одлука, но тоа не е пречка на 10- јули веќе да има јавна аукција за имотот на „ДЕНА продукт“. Симптоматично е што десетина дена пред одлуката на арбитражата Костов го сели седиштето на фирмата од Валандова во Велес.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич

Kristina Kuzmanovski

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе