Вести Македонија Најважни

Поплавите и одроните го затворија на седум часа – патот меѓу Градско и Прилеп отворен за сообраќај во двата правца

По седумчасовен прекин сообраќајот на Плетвар е пуштен во двата правца по 14 часот попладнево, соопштија од Центарот зa управување со кризи (ЦУК). Утрово колони возила кои трганаа од Битола и Прилеп кон Скопје останаа отсечени од остатокот од државата, откако магистралниот пат на Плетвар беше целосно во прекин поради одрони и поплави. Најдраматично беше на клучката кај мотелот Дреново, каде од обилните врнежи од дожд се излеа Раечка река кај село Раец, а водата носеше се пред себе.

Патниците кои го минуваа Плетвар претпладнево споделуваа и фотографии на возило што плови во надојдената вода која се слева кон коловозот, кое за среќа било празно. Свлечиште и одрони на карпи имаше и кај тунелите на Плетавр. Од ЦУК соопштија дека попладнево патот е прооден.

„Водите на Раечка река с еповлека во речното корито, а екити на ЈП за оджување и заштита на магистрални и регионални патишта ги  отстранија  наносите од земја, камења и сл. на патот.  Сообраќајот на патниот правец Градско Прилеп е пуштен во двата правци“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Дел од возчаите кои го минуваа Плетвар во текот на денот испратија и предупредување до надлежните за свлечиште на превојот под заштитната ограда кон провалијата, кое може да се прошири. Обилните врнежи предизвикаа и помали штети во населените места.

Од ЦУК информираат дека Територијалната противпожарна единца во Прилеп во изминатите 24 часа интервенираше во неколку деловни објекти за испумпување на вода. Неисчистените одводни канали предизвикаа и поплавување на дворни површини во селата во Општина Новаци. Сепак, најмногу проблеми врнежите предизвикаа на патниот правец Прилеп – Градско, на Плетвар, каде сообраќајот денеска беше во прекин седум часа.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе