Вести Македонија Најважни

(видео)Започна гласањето на професорите за нов ректор на УКИМ

Над 1.400 професори денеска на тајно гласање кое се спроведува во периодот од 12 до 14 часот од шесте кандидати ќе го изберат новиот ректор на УКИМ со мандат од три години.

По завршување на гласањето, изборните единици ќе ги пратат резултатите до Универзитетската изборна комисија.

Според роковникот за организирање на изборите, оваа комисија до крајот на денот треба да ги објави резултатите.

Потоа ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена. Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, Универзитетската изборна комисија на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати. По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни.

За вестите на Телма во 12.30 од УКИМ се јави Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе