Го минаа собранието ќе запрат ли кај претседатлот Стево Пендаровски ? На оваа прашање, дилеми нема мандатарот Димитар Ковачевски. Верува во правните познавања на шефот на државата и неговиот тим. Се надева дека 5-те законски измени со кои се привилегираат градежници од странство нема да се сопнат за потпис во Вила Водно. Ако ,тој ги гледа придобивките од пакетот измени очекува исто да постпаи и тимот правници на претседателот на државата.
Ковачевски, не обзнани план доколку Пендаровски одбие да стави потпис на 5-те законски измени кои го минаа собранискиот праг. Но, мнозинстовто во закондавниот дом има можност одново да ги мине и да стапат на сила без зелено светло од шефот на дражвата. Премиерот уште еднаш потенцира дека изградбата на коридорите 8 и 10д ќе отвори 8 илјади нови работни места и раст на БДП од најмалку 2 отсто годишно во наредните пет години. За опзицијата критиката е во насока дека владата наместо да ги брани државните интереси, легализира корупција.
Трн во око, пак, за синдикатите е круцијалната измена во законот за работни односи со кои се овозомжува работна недела од 60- часа спротивно на заложбите на претставниците на работниците. Силните противења на ССМ не вродија со плод, и тие сега одново се подготвуваат да го рушат ова закнско решение со претставка до уставниот суд, каде што еднаш, ваквата законска одредба беше оспорена. Синоќа, доцна напалдне Во полната собраниска сала, Законот за подолга работна недела при изградбата на коридорите 8 и 10д доби 62 гласа за и 43 против. И другите четири закони закитени со европско знаменце беа изгласани со 62 или 63 гласа. Власта не ја убеди опозицијата дека се работи за проект од стратешки национален интерес но ни опозицијата не ја убеди власта дека не треба да се гласа „на невидено“ заради големиот број можности за злоупотреби.
Павле Беловски
