Вести Најважни Свет

(ФОТО) На Косово мирно по вчерашните инциденти

Ситуацијата на Косово утрово мирна по вчерашните инциденти во кои дојде до судир меѓу жителите во мнозинско српските општини и специјалните косовски сили во обид да ги спречат новоизбраните градоначалници кои се од албанска националност да влезат во своите канцеларии.

Утрово полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, пишуваат српските медиуми.

На административните премини Јариње и Брњак нема застои и гужви, а патничкиот и товарниот сообраќај се одвива без проблеми.

Поради новонастанатата ситуација во Белград денеска повторно е закажана седница на Советот за национална безбедност, а претседателот на Србија вчера нареди борбена готовност и распоредување на војската на Србија на границата со Косово, чија независност властите во Србија не ја признаваат.

Косовските власти за немирите ги обвинија српските „криминални и нелегални структури“.

Во вчерашните судири меѓу локалното население и полицијата беше употребен солзавец и шок бомби, а кон полицијата беа фрлани камења.

Новите градоначалниците беа избрани на изборите во април 2023 година, кои беа бојкотирани од најголемата партија на Србите, Српска листа, со поддршка на официјален Белград.

Настаните вчера ги осуди и Европската Унија, која најави дека повеќе нема да прифаќа провокативни потези.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе