Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе ги донесе и предводи сите неопходни одлуки кои ќе овозможат за македонските граѓани повторно да имаат поголем стандард од граѓаните на државите од централна и источна Европа кои во меѓувреме станаа членки на Европската Унија (ЕУ), како што беше случај во годините во кои земјава беше дел од југословенската федерација.
„Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме поголем стандард и од Словачка, и од Чешка, и од Романија, и од Полска, и од Бугарија, и од сите земји кои стана земји членки на Европската Унија. Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои што ќе обезбедат граѓаните на Северна Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓани од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат“, порача Ковачевски на прес-конференцијата во Владата со американскиот сенатор Крис Марфи.
Ковачевски се заблагодари на високиот гостин од САД за американските инвестиции, благодарение на кои земјава е подобрена на безбедносен и економски план. Премиерот оцени дека партнерството со САД ќе рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава на САД, особено истакнувајќи го проектот на компанијата „Бехтел&Енка“ која ќе ги гради коридорите 8 и 10Д.
Рече дека не е одлука за интегрирање во ЕУ не може да биде одлука за еден човек или партија туку за добро на целата нација.