Вести Македонија Најважни

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени- Македонците не треба да губат време

Бугарскиот став останува непроменет. Македонија треба што поскоро да го започне и заврши преговарачкиот процес и да стане полноправна членка на Европската Унија (ЕУ), како резултат на сопствениот придонес и со исполнување на критериумите за членство, а не врз основа на политичка одлука, смета претседателот на бугарското Собрание, Росен Жељазков. Тој во интервју за БГНЕС нагласува дека за Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени.

„Тоа не е наше билатерално прашање. Тоа е услов кој е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите и го следи Европската комисија“, вели изјави Жељазков.

„Сметаме дека ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи најлошо е да се губи време кое ќе се претвори во скептицизам. На Македонците им требаат брзи одлучни акти и решителни одлуки, без да ја бараат причината надвор. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни“, додаде Жељазков.

Според претседателот на бугарското Собрание, условите кои ги постави Европската Комисија за нив се важни, бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Kristina Kuzmanovski

Мртов работник на Комуналец во воден канал, протести, сомнителни резултати – ќе има ли истрага

Sonja Petrusevska

Унгарската компанија Икарус избрана и на новиот повиок за набавка на 150 автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе