Вести Македонија Топ вести

Кобна соседска нетрпеливост во Демир Капија – со месеци го пријавувал, денеска го убил и си пресудил

Меѓусоседска расправија во смрт однесе двајца жители на Демир Капија, едниот на возраст од 72 години, а вториот на 34 години. Обвинителство потврди дека станува збор за убиство и самоубиство, но обдукцијата треба да покаже кој прв го повлекол орозот на огненото оружје, а потоа и сам си пресудил. Градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров за Телма вели дека жителите на градот, но и јавноста од Тиквешијата се потресени од овој настан.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека двајцата соседи се пронајдени рано утринава во нивните домови.

„Денеска, во 06:50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М. (34) и М.К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, се вели во соопштението од МВР.

Според податоците од МВР, повозрасниот и претходно го пријавувал својот помлад сосед за тропање од горе. Последното пријавување е на 19 јануари оваа година. Подолг временски период имале нарушени меѓусоседски односи, но немале ниту контакт, ниту некои инциденти. Досега немало тепачки меѓу нив.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе