Вести Најважни Свет

Ердоган падна под 50% гласови потребни за победа во првиот круг- Турција ја чека засилена црна кампања во наредните две недели

Претседателските избори во Турција се чинеше дека се движат кон вториот круг, при што претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој владее со својата земја со цврста контрола 20 години, води пред својот главен противкандидат, но не ги доби гласовите потребни задиректна победа. Тој сепак рече дека ќе ја почитува одлуката на нацијата доколку трката оди во вториот круг на 28 мај.

Тесна трка во Турција. „Повторно истиот филм“, „Критичен ден за вториот круг“

ова се дел од насловите на весниците во Анкара денеска.

За првпат по две децении сè поизвесно е дека ќе се оди на втор круг претседателски избори, кој ќе се одржи за две недели. Реџеп Таип Ердоган е во тесно водство во однос на неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу.

Според последните информации по преброени повеќе од 99% гласови, по вчерашните извори во Турција, разликата меѓу кандидатите за претседател Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу извесува само 5%. Ердоган падна под 50% гласови потребни за победа во првиот круг, тој освои 49,36 одсто гласови, а Киличдароглу 44,99%. Третиот кандидат, националистичкиот политичар Синан Оган ја доби довербата на нешто повеќе од пет одсто од гласачите. Сега жителите на Анкара, загрижени за индината на поделеното туско општество, очекуваат тој да му даде поддршката на Ердоган во вториот круг.

  • Мислам дека беа многу возбудливи избори. Ги следев резултатите до доцна синоќа. Верувам дека ќе имаме втор круг. Во вториот круг верувам и чувствувам дека Синан Онан ќе направи сојуз со актуелниот претседател, а актуелниот претседател имаше лош резултат- Нојан Ковал, жителка на Анкара.
  • Не сум среќна како гласач. Видов екстремна поларизација со конфликтни на двете страни. Воопшто не сум среќна. Се грижам за иднината на Турција- Сузан Девлеча, жителка на Анкара.

Гласањето внимателно го следеше и светската јавност за да се види дали стратешки лоцираната членка на НАТО, која има брег на Црното Море на север и соседи како Иран, Ирак и Сирија на југ, останува под контрола на се поавторитарниот претседател или може да заземе подемократски курс што го нуди Киличдароглу.

Што се однесува до гласањето по градови, интересен е фактот што жителите на европскиот дел на Истанбул му ја дале поддршката на опозициониот кандидат, додека оние од азискиот повеќето гласале за Ердоган. И покрај сомнежите за корупција при градењето згради, кои се претворија во пепел во земјотресот на југот на земјата, кога загинаа 50.000 луѓе, засега Ердоган води во осум од 11 области.

Во Анкара каде локалната власт е кај опозицијата, исто така Киличдароглу доби минимална предност пред Ердоган. Во Измир третиот најголем град во Турција, кој се смета за упориште на опозицијата, поразот на Ердоган  се брои во разлика од 30% освои гласови во корист на Киличдароглу.

Ердоган, сепак, рече дека ќе ја почитува одлуката на нацијата доколку трката продолжува во вториот круг на 28 мај, а неговиот противкандидат ја убедува јасноста во сигурна победа.

  • Ако нашата нација го направи изборот во полза на втор круг од изборите, тоа е добредојдено. Веруваме дека во вториот круг ќе освоиме повеќе од 50% од гласовите- Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
  • Прелиминарните резултати покажуваат дека Ердоган не можеше да ги добие гласовите за доверба што ги очекуваше од јавноста. Барањето за промени на јавноста е над 50 отсто и тоа ја одразува реалноста дека Партијата АК изгубила гласови. Во следните 15 дена со нашиот народ, за Турција, ќе се бориме за да донесеме права, право и правда. Нашиот народ треба да биде сигурен дека апсолутно ќе победиме и ќе донесеме демократија во оваа земја- Кемал Киличдароглу, претседателски кандидат.

Изборните резултати покажаа дека владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган, исто така, не успеа да го задржи своето мнозинство во парламентот од 600 места, доби 35 отсто од гласовите, што е најлошиот резултат за прв пат во последните две декади и загуби 28 пратенички места. Сепак, се очекува коалициските партии да освојат дополнителни 56 пратенички места со што сојузот на Ердоган ќе мнозинство во парламентот со 323 места. Алијансата на нацијата на Киличдароглу има околу 35,2 отсто, а поддршката за прокурдската партија е над 10 отсто.

За резултатите на најновите избори можеби најмногу влијаеја гласовите на младите. Пет милиони Турци, на возраст меѓу 18 и 22 години, за првпат имаа право на глас, тие не знаат за ниту една друга партија на власт во нивниот живот. Анкетите покажуваат дека околу 70 отсто од нив не и веруваат на Партијата правдата и развојот на Ердоган.

Билјана Ставрова

Турската лира паѓа по водството на Ердоган

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе