Потфрливме. Потфрливме како општество, како надлежните исто така и родителите. Ова е единствениот заклучок околу кој се обединети сите експерти. Децата се раѓаат во дигитално време, а ние ништо не превзеамме. Властите најлесно се одлчуваат за забрана наместо превенција и едукација. Зад овој став стои и комуникологот Бојан Кордалов, според кого мораме веднаш да создадеме безбедно место за децата.
Соседна Србија и утрово се разбуди со крвав пир, а сторителот е малолетник кој нема да одговара кривично откако тешко ги ранил мајка си и братот со секира.
И во македонската тинејџерска јавност од ден во ден се почести се пријавите за закани со списоци за отстрел, клевети, ладно оружје во џебовите и брутални пресметки.
На прашањето дали известувањето за овие теми, како и споменувањето во интернет просторот можат да поттикнат повторување, Кордалов е категоричен дека опасност постои.
Проблемот наместо да се бара на интернет треба да го бараме во домот и училиштата.
Според кривичарот и претседател на државниот совет за превентива против малолетничка деликвенција, Лазар Нанев, во интервју дадено за новинската агенција МИА, октрива дека секој 4-ти средншколец врши одредено врсничко насилство спрема нивни врсници.
„Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмејување, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи трае додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција,“ вели Нанев.
Во моментов се подготвува стратегија. Најпрвично тимовите во образовните институции, тоа се стручните тимови од педагози, психолози, социјални работници, коишто постојат во образованието. Понатаму, центрите за социјална работа. Се разбира, тука сигурно треба да се вклучат другите државни органи, каде што мора да се подигне нивото на едукација на родителите, преку еден стратешки пристап во таа насока, открива Нанев за МИА.
Но, помоштта за учениците преку мерки ќе почека додека во вторник министерството за образование не добие амин до владата за сетот мерки. Прашањето за побезбедни училишта е оставено за несен со почетокот на новата учебна година.
Павле Беловски
