Вести Македонија Најважни

Оружје, нарушен јавен ред и мир, дрога – МВР со детали за Телма, од проверките на ученици во последните две години

„Последна матурска“ и „последен ден“. Вакви зборови имало во јавната порака на осумнаесетгодишниот матурант од Штип, објавена завчера на Инстаграм. Контекстот остана нејасен за соучениците. Толкувањето беше доволно за паника помеѓу нив и родителите.

Ученикот поминал 24 часа во станица. Извршен е претрес на домот и е разговарано со семејството и соучениците. Настанот е заведен во билтените на МВР.

Исто така, тетовски средношколци во училишен тоалет залепиле список со закани кон нивни соученици.

Доволно за надлежните да констатираат дека и на истокот и на западот од земјата – девијантното однесување зема замав.

Од Полицијата, во одговор за Телма информирааат дека во периодот од септември 2021 година до април 2023 се извршени повеќе од 2700. Исконтролирани се 268 училишта и над 37 илјади ученици. Откриени се 14 прекршоци по закон за оружје. 38 прекршоци се според законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Овие случувања уследуваат откако образовните власти, безбедносните органи и стручната јавност ги здружија силите со една цел. Освен превенција, да се реагира и за секое детектирано насилство во ходниците, училиниците и дворовите.

Од МОН и денес повикуваат родителите и учениците да се охрабрат и помасовно да пријавуваат насилство во училиштата. Од Министерството уверуваат дека по секоја пријава веќе се постапува, во вмрежена акција на неколку институции, во соработка со социолози, педагози и психолози.

„Досега дваесетина пораки пристигнале во сандачето МОН. Отворената електронска адреса „Пријави насилство“ е првиот чекор кој го преземаа властите, во соработка со стручната јавност, за рано детектирање, но и превенција на насилството низ училиштата.“

Поучени од хоророт во основно училиште во Србија, дел од јавноста повика да се размисли на намалување на возрасната граница за кривична одговорност кај малолетници.

Но, засега стручните лица од областа на правото повикаа да не се брза со таквата одлука.

Нов кризен протокол, со детални насоки за тоа како да се препознава и како да се постапува по случаи на меѓуврсничко насилство, како и протокол за безбедност во училиштата ќе има од септември.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе