Вести Македонија Најважни

Екс министерката за култура Канческа ослободена од вина за „Тендери“ – никој не докажа дека го фаворизирала „Бетон“ за Музејот на ВМРО ДПМНЕ

Се ослободуваат од вина поранешната министерка за култура Елизабета Канвеска Милеска, како и вработените во одделот за јавни набавки Лидија Лазаровска Цветковска и Јулијана Угриновска, како член и претседател на комисијата за јавни набавки во судскиот предмет „Тендери“. Јавниот обвинител не ги докажал тврдењата дека канческа му кажала на директорот на „Бетон“ да продолжи да работи на Музејот на Револуционерната борба зашто договорила со обвинетите од Комисијата за јавни набавки „бетон“ да го добијат тендерот и за дополнителните работи на музејот.

Судијата Осман Шабани рече дека ниту вештачењето на ЈО, ниту градежните книги не го докажале тоа.

Тој и судиите поротници ги анализирал сите докази по што утврдил дека јавниот обвинител не докажал дека таа ја фаворизирала фирмата „Бетон“ од Штип да го гради Музејот на ВМРО.

Шабани кажа дека имало јавен оглас за завршни градежни работи. Па согласно Законот за јавни набавки огласот бил објавен во Службен весник. По објавата, имало четири економски оператори, а само „Бетон“ од Штип доставила понуда.

„Во присуство на членовите на Комисијата за јавни набавки, констатиран е прием на една понуда. Извршен е избор на фирма за градежни работи на музеите“, додаде Османи.

Случајот се судеше пет години. Се врати и на повторно судење откако пред изрекување на пресудата, судија-поротник отиде во пензија.

Во случајот „Тендери“ покрај ексминистерката Канческа-Милевска, за злоупотреба на службената положба и овластувања се гонат уште две лица. Канческа-Милевска се товари дека ѝ наложила на фирмата „Бетон-Штип“ да изведува градежни работи на Музејот на ВМРО пред да се спроведе јавна набавка, а како основа бил искористен претходен тендер што го добила фирмата.

Според обвинението, пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки пред да се донесе одлуката за потребата од јавна набавка, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Се тврди дека ексминистерката наложила да ги изведат и сите работи што произлегувале дополнително и кои не биле опфатени во договорот за јавна набавка и во анексите, со што немало да се чекаат дваесетина дена за спроведување на новата јавна набавка. Канческа претходно договорила преку второобвинетата во Комисијата за јавни набавки, кога ќе се објави огласот, договорот да го добие „Бетон“ од Штип.

СЈО го поведе случајот, а сега Обвинителството за гонење организиран криминал тврди дека тројцата обвинети (ексминистерката и двајца членови на комисијата за јавни набавки) ги злоупотребиле службената положба и овластувањето.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе