Вести Македонија Најважни

(Видео) Приведени тројца македонски државјани кои се бореле за Исламска држава во Сирија

Тројца македонски државјани се лишени од слобода, бидејќи во 2014 година се приклучиле во вооружени формации на Исламска држава на територијата на Сирија и активно учествувале во воените дејствија како борци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Акцијата е спроведена во координација меѓу Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам со Агенцијата за национална безбедност и Франција која постапи по меѓународна потерница што ја издаде Македонија.

„Лицата О.С (28), Р.С. (33) и М.Г. (26), во изминатиот период, беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории од Судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С. и Р.С.

„Пронајдени се и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело“, информираат од МВР.

 

Согласно обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе