Вести Македонија Најважни

(Видео) Комисиската расправа на законите за „Бехтел&Енка“ започна со роденденски букет, но кавгите ќе бидат неизбежни

Комисиската расправа на измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10-д започна малку необично откако претседателот на комисијата Арбр Адеми и подари роденденски букет на пратеничката Гордана Силјановска.

Во истовреме опозициските пратеници коментираа дека е добро што тој денеска подарува цвеќе, а не фрла со филџани, како што што се случи на една од предходните седници.

Вчера експресно го поминаа првиот собраниски филтер – денеска се пред пратениците во комисијата за европски прашања.

Европското знаменце на законите за договорот со Бехтел и Енка ја ограничува дебатата на само два дена независно од бројот на амандмани кои ќе бидат поднесени.

За Вестите на Телма во 12.30 од законодавниот дом за јави Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе