Вести Најважни Свет

Полициско присуство од почеток до крај на часовите – продолжи наставата во сите училишта во Србија

Под полициско обезбедување, денеска продолжи наставата во сите 1.800 основни училишта во Србија, освен во „Владислав Рибникар“ во Белград, каде се случи масовното убиство. Наставата во ова училиште, каде 13-годишно момче смртно застрела 8 соученици и еден чувар ќе продолжи во среда, на 10-ти мај.

Полициското присуство во училиштата ќе биде од превентивен карактер, за влевање на сигурност кај учениците и ќе трае од почеток до завршување на наставата.

Истовремено, денеска започна и акцијата за собирање на нелегалното оружје во Србија. Оние кои доброволно ќе се огласат на повикот, ќе бидат ослободени од секаква кривична одговорност.

Српската полиција потврди дека ја гарантира анонимноста на луѓето кои ќе го предадат оружјето и нема да се води никаква евиденција со цел да се охрабри масовен одзив.

Граѓаните се охрабруваат и да ја информираат полицијата ако знаат дека некое лице нелегално поседува оружје, затоа што се потврдило дека молчењето води кон трагедии со несогледливи последици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе